Хаос во Киргистан: Упад во зградите на парламентот и владата, ослободени од затвор поранешниот претседател и премиер (видео)

од Nikola Popovski

Демонстрантите во Киргистан упаднале во зградите на владата и парламентот и ги ослободија поранешниот претседател и премиер од затвор.

Во главниот град на Киргистан, Бишкек избувнаа немири поради резултатите од изборите. Полицијата против демонстрантите користела и гумени куршуми, солзавец и водени топови, но граѓаните на Бишкек биле „супериорни“ и упаднале во зградата.

„Тасс“ известува за соопштение на тамошното Министерството за здравство, според кое 590 лица биле повредени во судирите со полицијата што и претходела на упадот во парламентот, од кои 150 се хоспитализирани.

Парламентарните избори се одржаа во неделата, а штом се појавиле прелиминарните резултати, остатокот од опозициските сили, кои не успеале да победат, излегле на улиците во Бишкек и создале хаос.

Демонстрантите најпрво со камион ја искршиле портата пред „Белата куќа“, каде се наоѓаат највисоките државни институции на Киргистан, а потоа упаднале во зградата. Според извештаите од теренот, само неколку минути пред упадот во зградата на парламентот, бил забележан конвој автомобили како излегува од зградата, така што кога упаднале демонстрантите, тие не нашле службени лица.

Демонстрантите потоа ги ослободиле поранешниот претседател Алмазбек Атамбаев и премиерот Сапар Исаков од затвор.

Светските агенции исто така објавија дека избувнал пожар во „Белата куќа“, кој брзо бил изгаснат.

Слични содржини