Харадинај по состанокот со Ескобар: „САД бараат намалување на тензиите“

од Stefanija Kuzmanovska

Специјалниот пратеник на американскиот претседател за Западен Балкан, Габриел Ескобар, се сретна со лидерите на опозициските партии на вториот ден од неговата посета на Приштина, а лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, изјави по средбата, на која присуствуваше и американскиот амбасадор Џефри Ховениер, дека се фокусирани на настаните на северот на Косово и дека бараат намалување на тензиите и отстранување на барикадите.

Харадинај на Фејсбук напиша дека верува оти одлуката на САД ќе ја „спаси ситуацијата“ и, како што наведе, „ќе не врати на конечниот договор за признавање“.

Ескобар вчера во Приштина се сретна со претседателот и премиерот на Косово, Вјоса Османи и Албин Курти, но по тие средби не даде изјави.

Слични содржини