Харадинај бара меѓународна истрага за инцидентите во северно Косово

од Radmila Tasevska

Лидерот на партијата Алијанса за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај побара меѓународна истрага за нападот врз косовската полиција на северот, каде што во неделата беше убиен еден и ранети двајца косовски полицајци, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај, кој е поранешен премиер на Косово, рече дека настаните на северот на државата и „терористичкиот напад врз косовската полиција се дел од сценариото подготвено во Белград“.

– Настаните на север и терористичкиот напад врз косовската полиција се дел од сценариото подготвено во Белград. Реакцијата на косовската полиција претставува исполнување на должноста за заштита на редот и законот. Односот на Владата на Србија и нејзината усогласеност со криминалните и паравоените групи е многу вознемирувачки во оваа ситуација и е јасен сигнал дека државата Србија е вклучена во вооружените напади на криминалните групи на север. Затоа, во таква ситуација неопходна е меѓународна истрага за разобличување на сценаријата за дестабилизација на ситуацијата не само на Косово, туку и во целиот балкански регион, напиша Харадинај на својата страница на Фејсбук.

Слични содржини