Хари и Меган ја посетиле Кејт во болница: „Таа ќе ги смири двајцата браќа“

од Stefanija Kuzmanovska

Откако Меган Маркл и принцот Хари ја посетиле Кејт Мидлтон во болница, нивните пријатели веруваат дека на повидок е помирување.

Војводата и војвотката од Сасекс биле во приватна посета на Кејт и сите веруваат дека поради здравствените проблеми таа ќе биде поотворена за повторно поврзување со Хари и Меган. Иако со Вилијам нема да биде лесно, многумина веруваат во нејзините способности да го „омекне“ срцето на својот сопруг.

„Таа ќе ги смири двајцата браќа“, рекол еден од пријателите.

Иако нема официјални најави, се верува дека на овој начин Хари и Меган му подале „рака на помирување“ на кралското семејство, а Кејт би можела да биде заслужна за помирувањето на двајцата браќа.

Извор близок до кралското семејство вели дека е време да се стави крај на „војната“, посочувајќи дека Кејт во минатото била блиска со Хари и го поддржувала.

Доколку Кејт и Вилијам одлучат да се смират со Меган и Хари, тоа би било корисно за кралот Чарлс, кој отворено се залага за мир и хармонија во семејството.

Иако односите меѓу Вилијам и Хари се сериозно нарушени, подготвеноста на Хари да ги поправи работите можеби е клучна, пишува dailybist.com.

Вилијам, свесен за своите обврски кон кралското семејство како институција, можеби ќе сака повторно да се поврзе со својот брат, особено сега кога неговата сопруга закрепнува.

Да потсетиме, Кејт Мидлтон моментално е во болница поради операција на абдоменот.

Слични содржини