Хари: Лажеа за да го заштитат Вилијам, но не сакаа да ме заштитат мене

од Stefanija Kuzmanovska

Новиот трејлер за документарецот за принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл ја шокираше британската јавност, бидејќи Хари за првпат ја обвини Палатата дека „лаже за да го заштити мојот брат, но не и мене“.

Сè уште не е познато на кого мислел Хари кога рекол „тие“ и зошто ги обвинил дека лажат.

Меган и Хари претходно ги обвинија членови на кралското семејство за објавување информации во печатот и дека тоа му наштетило на нивниот углед.

„Се прашувам што ќе ни се случеше ако не заминевме на време“, вели Хари, а Меган додава: „Не бевме фрлени кај волците, ние бевме храна за волците“.

Во еден момент Хари вели гледајќи кон камерата: „Отсекогаш чувствував дека ова е борба за која вреди да се бориш“.

Достапните три епизоди зборуваат за односот меѓу медиумите и Меган Маркл, каде таа ги обвинува истите дека сакаат да ја „уништат“.

Слични содржини