Хасани: Кривата на починати доцни две недели, затоа имаме поголем број на смртни случаи

од Nikola Popovski

„Енормно паѓа бројот на заразени, граѓаните ги почитуваа мерките, но и самите мерки дадоа резултати. Епидемиолошката крива на починати доцни две недели и затоа имаме поголем број на смртни случаи“, вели заменик-министерот за здравство, Илир Хасани за емисијата „Утрински брифинг“.

Тој верува дека и кривата на починати ќе почне да паѓа во наредните денови.

„Ако еден ден не му посветите внимание на вирусот, тој ќе те стигне. Ние секогаш бевме еден чекор напред пред вирусот во однос на организацијата. Поучени од италијанското и шпанското сценарио од првиот бран, сихронизирано беа информирани цела влада и Кризниот штаб, по што интезивно дискутиравме и се презедоа мерки“, изјави Хасани.

Слични содржини