HBO подготвува серија за Хари Потер

од Stefanija Kuzmanovska

HBO Max подготвува нова серија за Хари Потер, пишува The Hollywood Reporter.

Развојот на серијата е сè уште во рана фаза и HBO е во потрага на луѓе да го напишат сценариото.

Веста дека се подготвува серија за овој волшебник не треба да изненадува ако се земе предвид заработката што оваа франшиза ја донесе на Warner Bros.

Седум книги од писателката Ј.К. Роулинг се адаптирани во осум филмови кои заработиле повеќе од седум милијарди долари. Третото продолжение на филмот „Фантастични Ѕeверови и каде да ги најдеме“ се подготвува.

Да потсетиме, HBO планира во наредниот период да ги врати на екраните култните „Пријатели“, како и серијата „Сексот и градот“.

Слични содржини