HDM Global развива и Nokia 8 Pro?

од Vladimir Zorba

Според информации на сајтот Nokiapoweruser, HDM Global развиваат уште една варијанта на Nokia 8. Уредот ќе биде продаван под трговското име Nokia 8 Pro и ќе биде еден од предводниците на брендот за годината. Очекуваната пазарна премиера пак е на крајот на летото.

Според познавачите, ова можеби е телефонот, за кој претходно се мислеше дека ќе се појави под името Nokia 10. Информациите е дека тој ќе биде опремен со чипсет Snapdragon 845, а додатокот Pro ја визира камерата која ќе нуди бројни иновации.

Според изворите на сајтот, токму овој уред ќе предложи главна камера со пет сензори и ротирачки леќи на Zeiss, за која се појавија гласини и порано. Сензорот за отпечатоци ќе се наоѓа под камерата, а дисплејот целосно очекувано ќе биде со сооднос 18: 9.

Според гласините ќе видиме заден панел кој ќе биде изработен од стакло по примерот на други топ модели на HMD Global, за кои се шпекулира во последно време како Nokia 9 (Nokia 8 Sirocco).

Слични содржини