Хеликоптер се урна врз зграда на Флорида, има повредени

од Stefanija Kuzmanovska

Две лица се пренесени во болница откако хеликоптер денеска се урна врз зграда во Помпано Бич, Флорида, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Бовард.

Во хеликоптерот имало три лица, соопшти Федералната управа за авијација, како што јави CBS News.

Станува збор за спасувачки хеликоптер на Канцеларијата на шерифот на округот Бровард, додава CBS News.

Слични содржини