Херојски влезе во замрзнатата вода за да го спаси кучето: „Да останеше 10 секунди подолго …“ (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Една жена од американската сојузна држава Тенеси скокнала во ледениот базен во дворот на куќата, со цел да го спаси кучето што паднало внатре, пренесуваат тамошните медиуми.

– Тоа беше чист адреналин. Ветеринарот всушност ми рече: „Ова е чудо“, изјави Џени Тејтум за ABC 2, зборувајќи за тоа како успеала да го спаси животот на своето милениче.

Тејтум, наводно, ги снимала своите две кучиња како играат на снегот во задниот двор на нејзината куќа, кога едното од нив по име Сид паднало во ледената вода. Џени го испушти телефонот, скокна во базенот и почна да го бара.

– Врескав затоа што сакав да знае дека може да се искачи. Рацете ми беа во рани додека се пробив низ мразот. Не размислував за тоа – вели сопственикот на кучето.

Кога не можеше да го најде, повторно излезе од базенот за да има подобар преглед на ситуацијата, а потоа го виде како влегува во шок поради хипотермија. Потоа повторно скокна во ледената вода и го извлече кучето од базенот длабоко нешто повеќе од еден метар.

– „Кога го извлеков, не знаев дали дише. Беше страшно .Ветеринарот рече дека случајно ако останал 10 секунди подолго, дека тоа веќе ќе биде разликата помеѓу животот и смртта. Многу сум благодарна што сè заврши како што треба – рече Џени.

Слични содржини