Хју Грант призна која колешка посебно ја сака

од Stefanija Kuzmanovska

Иако ги изгуби сите контакти со повеќето колеги со кои играше во филмови, постои една актерка со која Хју Грант сè уште се слуша редовно. Станува збор за Рене Зелвегер, со кого глумеше во филмовите за Бриџит Џонс и со која се зближи за време на снимањето.

Како што откри 60-годишниот Хју Грант како гостин во The Jess Cagle Show, единствената актерка со која сè уште е во контакт е Рени Зелвегер, со која глумеше во франшизата Бриџит Џонс. Во филмовите го играше нејзиното момче Даниел Кливер, а актерите толку добро се согласуваа што продолжија да се дружат и по снимањето.

Денес, тие главно ја одржуваат својата комуникација со размена на долги електронски пораки.

„Ја обожавам Рене. Таа е една од ретките актерки со кои се уште сум во контакт, и сè уште добро се согласуваме. Ние често разменуваме долги е-пошти“, рече Хју Грант, а потоа го пофали актерскиот талент на неговата колешка, особено во филмот во кој таа ја отелотвори Џуди Гарланд.

Слични содржини