Хјустон со рекордно постигнување во НБА

од Vladimir Zorba

Хјустон Рокетс постави нов рекорд за одбележани тројки во редовната сезона во НБА лигата при поразот од 83:100 против Сан Антонио вчера вечер.

Џејмс Харден и компанија веќе имаат вкупно 1.184 тројки во 77 натпревари во текот на кампањата, со што го подобрија нивниот стар рекорд од 1.181 тројки од минатата година.

Хјустон, кој е лидер на НБА, сигурно ќе го зголеми неговиот рекорд, бидејќи има уште пет натпревари кои треба да се играат до крајот на регуларната сезона.

Слични содржини