Хоџа во чест на Св. Трифун закрои лозје во неготинско

Во рамки на денешниот празник „Св.Трифун“, кој се смета за заштитник на лозарите и винарите, министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Арјани Хоџа зема свое учество во закројувањето на лозје во неготинско.

„Очекуваме оваа година да биде добра, бериќетна, исто така да може самите лозари да бидат претпазливи во делот на квалитетот што треба за производство на грозјето, а од друга страна, како министер и како одговорен за ресорот за субвенциите, гарантирам дека ќе ја имаат истата помош, истата поддршка од наша страна“, истакна Хоџа.

Во таа насока, сите лозари посака годинава да биде бериќетна и добра.

„Да очекуваме дека оваа година ќе биде многу подобра од ланската. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, односно Владата докажа дека навистина лозарите и винарските визби се приоритетни. Во таква лоша година како минатата успеавме да ублажиме било какви лоши последици и резултати, донесовме специјален закон за лозарите со тоа што во ковид ситуација од пандемија успеавме да одвоиме над шест милиони евра помош, односно поддршка за лозарството. Исто така и за винарските визби кои за жал беа полни во нивните капацитети во визбите“, посочи Хоџа.

Слични содржини