Холивудска актерка и нејзиниот сопруг прогласени за виновни за сексуални деликти врз деца

од Stefanija Kuzmanovska

Холивудската актерка Зара Фитијан, најпозната по улогата во филмот на Марвел „Доктор Стрејнџ“, денеска е прогласена за виновна за сексуални деликти врз деца и осудена на затвор, пишува „Дејли Мејл“.

Таа и нејзиниот сопруг, таеквондистот Виктор Марк, наводно се обвинети за 14 точки од обвинението за разни видови злоупотреба на тринаесетгодишникот.

Двајцата го тероризирале девојчето три години во периодот од 2005 до 2008 година, а жртвата била малтретирана „еднаш или двапати месечно“ најмалку 20 пати во различни наврати кога по правило била опиена со рум.

Освен ова, сопругот на Зара е обвинет и за напад на друго, петнаесетгодишно девојче. Ова се случило помеѓу 2002 и 2003 година.

Двојката ги негираше сите обвиненија, но судот сепак ги прогласи за виновни, а судењето траеше 12 дена во Нотингем.

Слични содржини