Полициски службеници во Беране го уапсиле лицето С.И. (36) поради сомнение дека на штета на својата ќерка, со цел да стекне противправна имотна корист, сторил кривично дело трговија со луѓе.
„Постапувајќи по оперативни сознанија дека женско лице на возраст од 18 години од Беране е спречено да оди на училиште, како и дека постои сомнеж дека може да биде жртва на трговија со луѓе, полициските службеници го пронашле лицето и го довеле во службените простории на Одделението за безбедност Беране“ соопшти полицијата.
Во присуство на службеници од Центарот за социјална работа, од жртвата биле собрани информации, при што таа изјавила дека нејзиниот татко неколку дена ја држел заклучена во соба, за време на што претрпувала психичко и физичко насилство, со цел да биде принудена на склучување брак кој, според сомнежите, нејзиниот татко однапред го договорил со непознато лице од странство за сума од 20.000 евра. На девојката ѝ била укажана медицинска помош и таа била преместена на безбедна локација.
Оштетената била прегледана и згрижена во Клиничко-болничкиот центар Беране, по што е сместена на сигурна локација.
Полицијата потоа го пронашла С.И. (36), го довела во службените простории и од него собрала информации, по што, по налог на државниот обвинител во Вишото државно обвинителство во Бјело Поље, бил лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело трговија со луѓе.