ХОРОР ВО ЗАБАВНИОТ ПАРК: Загина четиринаесетгодишно момче (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Британските власти повикаа на истрага за безбедноста на патувачкиот забавен парк каде 14-годишно момче почина.

Мекензи Кроксфорд-Кук (14) од Кент почина на 3 август оваа година откако влегол во затворен забавен парк. Заедно со своите пријатели провалил во просторот на паркот и скокнал на трамболина и на некои други атракции пред да се заглави на една од нив и да го загуби животот.

Истрагата за неговата смрт требаше да заврши денеска, но судскиот совет го одложи читањето бидејќи сакаше да го испраша возачот на тие атракции, Лук Шафлеботом, како и окружниот совет на Довер, кој ја поседува земјата.

„Мекензи и неговите пријатели го искористија возењето надвор од работното време на забавниот парк, кое заврши трагично. Прашањето е колку беше безбедно возењето и како момчињата добија пристап до паркот”, изјави судијата, пренесува Дејли мејл.

„Немам докази како локацијата била оградена и кој ја надгледувал областа во 1 часот по полноќ“, додаде судијата.

Момчињата рекоа дека Кроксфорд-Кук се качил на една од атракциите и покрај тоа што го молеле да се симне. Откако се искачил, се лизнал и паднал. Обдукцијата покажа дека градите му биле смачкани и дека починал од трауматски повреди на црниот дроб и слезината.

Полицијата утврдила дека не се работи за кривично дело, односно дека се работи за немил настан, но надлежните покренале истрага за околностите на неговата смрт, при што било констатирано дека во паркот немало безбедносен надзор кога пристигнале малолетниците.

Слични содржини