Huawei ја руши Tesla?

од Vladimir Zorba

Aito, заеднички развиен од кинескиот телекомуникациски гигант Huawei Technologies и производителот на автомобили Seres Group, стана хит меѓу купувачите во Кина. Конкретно, станува збор за електрифицираниот модел М7, за кој споменатата компанија добила 50.000 преднарачки за само 25 дена од лансирањето.

Ова го соопшти Ричард Ју, извршниот директор на Huawei, кој истакна дека станува збор за неповратни депозити – пишува Ројтерс.

Новиот SUV е долг 5,2 метри, има меѓуоскино растојание од 2,8 метри и има тркала од 21 инчи – според CarNewsChina. Покрај тоа, има камери на предните браници и ретровизори, како и радар над шофершајбната, кои помагаат при напредните функции за помош при возење.

Сите споменати технологии се потпишани од Huawei.

Според „Јутарњи“, погонот на автомобилот се потпира на хибриден систем во комбинација од бензински и електрични мотори. Клиентите можат да избираат помеѓу погон на предните тркала (2WD) или погон на сите тркала (4WD).

Верзијата со 4WD погон, со два електромотори има комбинирана моќност од 330 kW и 660 Nm. Нејзината литиумска батерија од 40 kWh, обезбедена од Contemporary Amperex Technology (CATL), обезбедува опсег до 230 километри на електрична енергија.

Цените се движат од 32.300 до 42.600 евра.

Слични содржини