Huawei нема намера да го напушти американскиот пазар

од Vladimir Zorba
312 прегледи

Ричард Ју, главен извршен директор на одделот за потрошувачки производи на Huawei, изјави дека компанијата нема да се повлече од американскиот пазар и покрај постојаниот напад врз компанијата од страна на властите. Тој за CNET изјави дека Huawei продолжува да се занимава со бизнис во САД и се фокусира на иновациите и снабдување со производи од светска класа. Ју исто така е на мислење дека компанијата мора да ја добие довербата на Американците и никогаш нема да си дозволи да ја злоупотреби.

Коментарите на високиот функционер на Huawei доаѓаат како одговор на тековните напади од страна на разни политичари кои прогласија отворена војна на компанијата и прават сé за да го нарушат нејзиното присуство на локалниот пазар. Во овој поглед, локалните оператори AT & T и Verizon веќе ги напуштија своите планови за продажба на Mate 10 Pro, а само пред неколку недели, Best Buy ги отстрани Huawei паметните телефони од својот каталог.

Ричард Ју, исто така, зборуваше за обвиненијата дека Huawei ја користел својата опрема за шпионски цели. Според него, ова се неоправдани шпекулации, кои се нефер кон фирмата. Тој е на мислење дека Huawei ќе ја поздрави секоја отворена дискусија базирана на факти и ги повтори тесните врски со многу оператори ширум светот кои осигуруваат тоа безбедноста на информациите да биде главен приоритет за Huawei.

Во меѓувреме, Ричард Ју е убеден дека без американскиот пазар, кинеската компанија наскоро ќе биде број еден во светот. Нејзината прогноза е потврдена и од најновите финансиски податоци на Huawei, што покажува раст на профитот од 28,1% на годишна основа, а приходите од мобилни телефони се зголеми за 32%.

Слични содржини