Хурем позираше без шминка и предизвика лавина реакции (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Турската актерка Мерјем Узерли, која се прослави со улогата на Хурем во популарната серија „Сулејман Величествениот“, успеа да ги изненади обожавателите со своето издание без трошка шминка.

Узерли на својот Инстаграм профил објави фотографија која предизвика лавина реакции. Многумина го пофалија нејзиниот природен изглед, и коментираа дека таа блеска откако се породи по втор пат.

Актерката позираше без трошка шминка и разбушавена, но и покрај тоа ги воодушеви своите придружници, па комплиментите за нејзиниот изглед само доаѓаа.

Слични содржини