Hyundai произведе 100 милиони автомобили

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Hyundai е еден од гигантите на светската автомобилска индустрија. Компанијата е основана во 1967 година, а сега, 57 години подоцна, достигна историска пресвртница: 100 милиони автомобили произведени ширум светот.

За да го одбележи овој момент, Hyundai одржа специјална церемонија во фабриката во Улсан, Јужна Кореја. За време на овој настан беа испорачани и 100.000.001. копија, а се работи за одличен електричен модел Ioniq 5 кој е доставен директно до новиот сопственик.

И фабриката во Улсан е полна со историја. Производството започна во 1968 година и практично е родното место на јужнокорејската автомобилска индустрија, бидејќи тука беше склопен првиот самостоен сериски автомобил – Пони. Тоа се случи во 1975 година.

Hyundai моментално има производствени капацитети и во Турција, Индија, Соединетите Американски Држави и Чешка. Интересно е што во 2013 година азискиот производител ја надмина пресвртницата од 50 милиони автомобили произведени во светот, а само 11 години подоцна ја удвои таа бројка.

Слични содржини