Имотот е со површина од околу 2,8 квадратни километри, што е на првата линија до океанот. Цукерберг веќе еднаш ги налути локалните жители, како на крајот на декември минатата година поведе 8 случаи против семејства кои поседуваат 14 парцела на територијата на неговиот имот. Тој најави дека сака преку делата да открие кои се сопственици, бидејќи не знае кои се, а и самите тие не знаат дека се наследни сопственици на земјиштето и сака да ги откупи.

И ако овој аргумент донекаде  ја одлучи предметната студија на случај, проблемот со ѕидот околу имотот и обезбедувањето му останува. Ѕидот е висока околу 1,8 метри. Според локалните сепак тоа е премногу висок и ја  сокрива глетката кон океанот на неговите соседи и го запира океанскиот ветер.

Портпаролот на градежната компанија коментира за весникот дека ѕидот цели да ја намали бучавата од патиштата околу имотот. Според него слични камени ѕидови можат да се видат на многу места и тие се рутински градба, како и сите регулативи се исполнети и е прилагоделив  на карактеристиките на животната средина и навиките на локалците.

Локалните сепак се незадоволни и од обезбедувањето на имотот. Тие тврдат дека обезбедувањето се обиделе да ги заплашат и избркаат од јавните плажи и патеки кои минуваат низ делови од имотот или се во непосредна близина со него. Има и поднесени жалби во полицијата за груб однос на обезбедувањето.

Затоа оваа сабота локални жители ќе протестираат со марш покрај ѕидот на Цукерберг. Тие сакаат од него да ги прекине поднесените тужби  и да дојде и да се сретне со соседите лично, а не да комуницира со нив преку звучници и изјави.

Ова не е прв ваков проблем на Цукерберг. Минатата година тој се  караше и со соседите во Пало Алто, Калифорнија. Таму Цукерберг поседува 4 куќи една до друга, повторно со идејата да нема никој околу него. Со исклучок на обезбедувањето коои ги  “зазедоа постојано и незаконски” паркинзи по улиците околу куќите. Барем така тврдат неговите соседи, кои велат дека самите безбедњаци  знаат дека ги нарушуваат правилата, но ги извршуваат дадените заповеди.