Таа стана 101-та жртва на семејно насилство во Франција во 2019 година. За жал, бројот на жртвите во последните години не се намали, туку на  надмина 100та, според меѓународните набудувачи.

Во врска со проблемот на 3 септември, француската влада организираше тркалезна маса со учество на семејства на жртви, адвокати, полицајци и феминистички организации . Француските власти имаат намера да посветат средства за наоѓање домови за злоупотребени и за забрзување на известувањето и поплаките за семејно насилство, при што жените се главни жртви.

Само минатата недела, Марлен Шипа, секретар на владата за еднаквост меѓу жените и мажите, објави создавање на посебен фонд милиони евра против семејно насилство.

Според студијата на пет организации кои работат на полето на превенција и одговор на семејно насилство, француската влада досега за оваа цел извршила 79 милиони евра.

Според податоците на француското Министерство за внатрешни работи во  2018 година, од 149 жртви убиени од нивниот сегашен или поранешен партнер, 121 биле жени, а само 28 биле мажи.

За жал во жртвите 21 се деца. Главните причини за настанатата трагедија беа вжештените спорови или неподготвеноста за компромиси. 83 проценти од убиствата се случиле во домот на парот, жртвата или сторителот.

Во извештајот објавен во 2017 година, Организацијата за безбедност и соработка во Европа забележува дека на глобално ниво во 2012 година, 43.600 жени или девојчиња биле убиени од нивните сопруги или роднини,додека колку за споредба , жртви на тероризам во истата година  се 11 113 лица .