Во нуклеарната централа Запорожје денеска треба да пристигне четиричлен тим од експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), кој ќе го замени претходниот тим од двајца експерти на агенцијата, јавува „Ројтерс“, повикувајќи се на извештај на руските медиуми.
„Тие ќе престојуваат во нуклеарната централа, исто како и нивните претходници“, најави шефот на проруската администрација на Енергодар, пренесе „Интерфакс“.
На почетокот на септември, нуклеарниот објект го посети мисијата на IAEA предводена од генералниот директор Рафаел Гроси.