Иан Мекелен откако призна дека е геј: „Мојот живот стана поубав“

од Vladimir Zorba

Актерот Иан Мекелен, најпознат по улогата на волшебникот Гандалф во „Господарот на прстените“, беше гостин во емисијата „Џонатан Рос“, каде откри колку му се сменил животот откако јавно изјави дека е хомосексуалец.

Актерот призна дека е хомосексуалец кога имаше скоро 50 години, а во младоста тоа го криел од сите затоа што светот, вели Иан, бил поинаков.

Ако јавно кажел дека е хомосексуалец, тврди тој, можел да ризикува и да биде протеран од неговата земја.

Сега тој постојано зборува за тоа дека е хомосексуалец и кажува колку е посреќен бидејќи отворено може да биде тоа што е.

„Тоа целосно го промени мојот живот. Се открив себеси и сè беше подобро“, изјави Мекелен и додаде: „Мојот однос со семејството, пријателите, странците, но и работата се подобрија откако веќе не морав да се кријам. Поентата е дека мојата глума е всушност маскирана, а потоа кога можев да почувствувам дека сум свој, откако ја открив вистината, сè стана многу поинтересно“, додава легендарниот актер.

Слични содржини