Иџе возеше низ празното Скопје во чест на сите што што се борат со пандемијата (видео)

од Nikola Popovski

Македонскиот возач Игор Стефановски- Иџе, денеска возеше низ скопските празни улици во знак на поддршка кон здравствените работници, полицајците и сите останати кои се дел од протоколот за справување во борбата против Ковид-19 во Македонија.

Тој возел низ Скопје со рута од населба Лисиче до Влае.

Публикувахте от Igor Idze Stefanovski в Понеделник, 25 май 2020 г.

„Ова се мигови кои би сакал никогаш да не се повторат. Улиците низ градовите на нашата држава, никогаш повторно да не бидат празни. Токму затоа, мудро да се вратиме во секојдневието. Нашите медицински лица, полицијата, армијата и сите наши сограѓани кои се НАШИТЕ ХЕРОИ ВО ОВОЈ ПЕРИОД, со свој придонес направија полека, но сигурно, да излеземе победници од оваа битка. Затоа во нивна чест, јас и мојот тим ќе им дадеме поддршка, но и почит како големо признание за нивната пожртвуваност“, порачал Иџе.

Публикувахте от Igor Idze Stefanovski в Понеделник, 25 май 2020 г.

Публикувахте от Igor Idze Stefanovski в Понеделник, 25 май 2020 г.

Слични содржини