Игуаин: Сари ќе го извлече најдоброто од мене

од Vladimir Zorba

Гонзало Игуаин веќе е играч на Челзи и рече дека се надева дека ќе го покаже најдоброто што може. Аргентинецот ќе биде позајмен до крајот на сезоната и може да дебитира уште овој викенд.

„Ел Пипита“ најнапред ја прокоментира трагедијата со сонародникот Емилијано Сала, чиј авион исчезна од радарите и се уште не е пронајден. „Надежта умира последна, па се надеваме дека ќе го пронајдат. Инаку, загубата ќе биде огромна“, изјави Игуаин и коментираше за неговиот трансфер во Челзи.

„Тоа беше одлична можност за мене и не можев да ја пропуштам. Возбуден сум да работам повторно со Маурицио Сари и да бидам во клуб со таква богата историја. Јас сум навистина среќен што сум во Челзи. Се надевам дека ќе му помогнам на тимот со постигнувањето на многу голови. Јас сум личност која секогаш сака да ги подобри своите перформанси. Ден за ден“.

„Сари е тренер кој во мојата кариера успеа да го извлече најдоброто од мене. Тој знае како да работи со мене, особено на психолошки план. Нашата година заедно беше фантастична, и тоа имаше големо влијание за моето доаѓање во Лондон. Многу сум среќен што имам можност повторно да работам со него“.

„Долго време сакав да играм во Англија, но немаше конкретна можност. И кога ја добив, не можев да ја одбијам. Премиер лигата е голем предизвик и се надевам дека брзо ќе се адаптирам на Челзи. Тимот е прекрасен. Се надевам дека ќе им донесеме многу радост на нашите навивачи“, рече Игуаин.

Слични содржини