Има скоро 70 години, долго време е без работа, но го чека нова

од Stefanija Kuzmanovska

Тој е без работа повеќе од пет години, од пролетта 2016 година. Наскоро ќе наполни 70 години. И многумина го заборавија, но не и неговите Холанѓани. Медиумите во таа земја пренесуваат дека најсериозен кандидат за испразнетото место за тренер е никој друг, освен Луис ван Гал.

Холандскиот тренер е без работа од мај 2016 година, кога со Манчестер јунајтед го освои ФА купот и два дена подоцна доби отказ поради очајни игри во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Пред две и пол години тој официјално го објави пензионирањето, но пристигна покана што може да го натера да се предомисли.

Иако се најде во потесниот избор на фаворити за европска титула, „лалињата“ разочараа ова лето. Тие лесно ја минаа групата, а потоа во четвртфиналето изгубија од Чешка. Тоа беше сигнал за очекувано отпуштање на Франк де Бур. Челниците на холандскиот фудбал се подготвени повторно да му го доверат кормилото на националниот тим на селекторот кој ќе наполни 70 години на 8 август.

Во текот на својата кариера, Луис ван Гал двапати ја водеше Холандија. Почна во Ајакс, ја водеше Барселона (исто така во два наврати), АЗ Алкмар и Манчестер Јунајтед. На кормилото на Ајакс ја освои Лигата на шампионите во 1995 година.

Слични содржини