Државниот обвинител Арели Гомес изјави дека мексиканската глумица која го организираше состанокот меѓу Ел Чапо и американскиот глумец Шон Пен е вмешана во перење на пари.

El Capo i Kejt del Castiljo

Мексиканските власти се сомневаат дека постојат финансиски врски меѓу Ел Чапо и Кејт де Кастиљо.

Гомес изјави дека постојат основани сомневања дека Гусман вложил пари во нејзината производствена линија на текила.

„Го истражуваме текот на парите и работата на нејзината фабрика за текила, за да утврдиме дали имало криминални активности“, изјави Гомес.

Обвинителот најави дека Кастиљо ќе биде испитана за своите бизнис врски со наркобосот Хоакин Ел Чапо во мексиканскиот конзулат во САД.
Мекисканската глумица не сакаше да ги коментира овие обвинувања. Таа на твитер напиша дека луѓето измислуваат информации од кои можат да направат добра приказна.

Слични содржини