Индиски производител на сируп го прекина производството на лекови откако починаа 19 деца

од Stefanija Kuzmanovska

Индискиот производител на сируп за кашлица, од кој починаа 19 деца во Узбекистан, денеска објави дека го прекинува производството на сите лекови, по инспекција на државната агенција за лекови.

Индиските медиуми објавија дека инспекторите забележале отстапување од прописите за производство во една од фабриките на компанијата „Marion Bayontech“.

„Marion Bayontech“ и индиското министерство за здравство не одговориле на барањето на „Ројтерс“ за коментар за резултатите од инспекцијата.

Слични содржини