Индонезија се соочува со недостиг на кислород поради новиот бран на ковид 19

од Stefanija Kuzmanovska

Индонезиската влада им нареди на производителите на кислород да им дадат приоритет на медицинските потреби затоа што големиот пораст на случаи со КОВИД 19 доведе до недостаток на кислород во многу градови.

Болниците тврдат дека се борат со недостаток на кислород, додека една наведе дека 63 пациенти починале поради недостаток на кислород.

Оваа држава бележи повеќе од 25.000 нови инфекции со коронавирус дневно.

КОВИД кризата се припишува на зголемен број патувања и позаразната делта варијанта која се шири низ целата земја.

Слични содржини