Инфантино најавува спектакл: Светското првенство во 2030 година ќе биде нешто досега невидено

од Vladimir Zorba

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино најави дека Светското првенство во 2030 година ќе биде вистински спектакл. Таа година ќе се одбележат 100 години од првото Светско првенство, кое се одржа во 1930 година во Уругвај.

Ова ќе биде прво Светско првенство кое ќе се одржува на три континенти и во шест земји. Домаќини официјално ќе бидат Шпанија, Португалија и Мароко, додека отворањето ќе биде во Уругвај. Аргентина и Парагвај, исто така, ќе ги одиграат воведните натпревари во нивните земји.

„Тоа Светско првенство ќе биде нешто посебно и уникатно, нешто што досега не било направено. Почнавме да размислуваме за тоа пред неколку години и ни беше јасно дека нема да биде обично натпреварување. Имаме можност да се потсетиме на сите претходните светски првенства, учесниците и победникот мора да е нешто што досега не е видено“, рече Инфантино.

Се уште не е познато каде ќе се игра финалето на тој Мундијал. Главни фаворити се Мадрид, односно „Сантијаго Бернабеу“ и Барселона, т.е. „Камп Ноу“. Сепак, финалниот натпревар го посакува и Мароко, кој планира да го изгради најголемиот стадион во светот во Казабланка.

Слични содржини