Инфлацијата во Австрија достигна највисоко ниво во последните 47 години

од Vladimir Zorba

Годишната инфлација во Австрија во јули беше највисока од февруари 1975 година – индексот на потрошувачките цени скокна за 9,3%, покажаа прелиминарните податоци на федералната канцеларија за статистика Statistik Austria. Така, индикаторот извести за своите највисоки вредности во последниве 47 години.

„Во јули 2022 година стапката на пораст на потрошувачките цени се искачи на 9,3%. Ова е највисока стапка на инфлација од февруари 1975 година“, рече Тобајас Томас, извршен директор на Statistik Austria.

Тој истакна дека пред се поскапеле горивата, енергијата за домаќинствата, прехранбените производи и угостителството.

„Порастот на цените е особено забележлив за редовните неделни набавки: цената на мини-кошницата, која освен храна и услуги содржи и гориво, во јули порасна за 19,1 отсто, односно двојно повеќе од општата инфлација“, истакна Томас.

Годишната инфлација во Австрија во јуни беше и рекордно висока за периодот од септември 1975 година, достигнувајќи ниво од 8,7 отсто.

Слични содржини