Инсајдер во врвот на германското МВР не можел да молчи: На 80 страни ја дава вистината за корона, против него преземени итни мерки

од Aleksandar Petrovski

Вработен во германското Министерство за внатрешни работи сам составил обемен документ, во кој ги критикува мерките на владата. Според извештаите на медиумите, тој бил суспендиран од должноста.

Според „Шпигел“, инсајдер од германското Министерство за внатрешни работи работи во одделот што се занимава со управување со кризи, но тој не е дел од кризниот штаб кој се занимава со тековната пандемија. Човекот, наводно, испратил документ од 80 страници со печат на министерството на голем број адреси на е-пошта, а тој труд стигнал до конзервативниот портал „Тихис Ајнблик“, кој објави делови.

Вработениот во Министерството пишува за „глобалниот лажен аларм“ и тврди дека за време на пандемијата државата станала „една од најголемите производители на лажни вести“. „Веројатно во ниеден момент не постоеше опасност за населението над вообичаената мерка поради новиот вирус“, пишува тој.

„Луѓето кои статистички би умреле оваа година затоа што го достигнале крајот на животот и затоа што нивните ослабени тела веќе не можат да се одбранат од какви било случајни дневни оптоварувања (вклучувајќи околу 150 вируси кои во моментот кружат) главно умираат од корона“, се додава во тој труд. За воведените мерки се заклучува: „Во меѓувреме, колатералната штета е поголема од видливата придобивка“.

Германските медиуми генерално го нарекуваат писмото „пикантен“ проблем за Министерството за внатрешни работи или ветер во грб за теории на заговор.

Министерството го нарече овој труд „приватно мислење“ на вработениот и „независно преземено анализирање“ за кое не е овластен. Според Шпигел, човекот бил суспендиран од работа.

Во соопштението на Министерството се одговара на тврдењата од писмото дека многу светски земји презеле строги мерки за сузбивање на пандемијата, честопати потешки од Германија. „Развојот на инфекцијата во Германија е досега доста низок во меѓународната споредба. Преземените мерки функционираат“, заклучува Министерството.

Слични содржини