Институциите тераат викенд, политичарите си прават влада, а Скопје се задушува во ПМ 10-честички !

од Vladimir Zorba
126 прегледи

Зошто нема никаков одоговор од Владата на РМ и Центарот за кризи е несфатливо. Има  сериозна загрозеност на животот на граѓаните, воздухот станува отровен – кој да преземе мерки? Белким екологијата не е само бизнис?

 

Загаденоста на воздухот во Скопје утринава е од четири до седум пати поголема од максимално дозволената граница пропишана во Европската Унија, која e 50мг/м3. Утринава во девет часот, според податоците на мерните станици нивото на ПМ 10 честичките во скопските општини изнесувал: Ректорат 379.41 мг/м3, Центар 323.27 мг/м3, Карпош 305.86 мг/м3, Гази Баба 285.72 мг/м3 и Лисиче 209.39 мг/м3.

Синоќа во скопската општина Карпош е регистрирано рекордно загадување, кое е 24 пати поголемо од дозволеното, односно нивото на ПМ 10-честичките изнесувалo 1218.63 мг/м3. Канцерогените честички во воздухот со големина помала од 2.5 микрометри (ПМ 2,5) пак изнесувале 206 мг/м3, што е над 10 пати од пропишаната граница. Ситуацијата со загаденоста беше лоша и во другите општини, па така во Центар нивото на ПМ 10 честичките изнесувалo 421 мг/м3, а ПМ 2,5 се 356 мг/м3. Честичките во воздухот со големина помала од 10 микрометри во Лисиче се 667 мг/м3, а во Гази Баба 618 мг/м3.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети на 25 јануари до Владата предложил мерки за намалување на загадувањето на воздухот, но засега нема одговор на предлогот. Кој знае чија е вината за неусогласеноста?

Според мерките од Министерството за животна средина и просторно планирање се предвидува воведување на сообраќаен режим пар-непар, сите државни и јавни институции за 50 отсто да го намалат користењето на службените возила.
Поради зголемената загаденост на граѓаните им се препорачува да не излегуваат надвор без посебна причина.

Зошто нема никаков одоговор од Владата на РМ и Центарот за кризи е несфатливо. Има  сериозна загрозеност на животот на граѓаните- кој да преземе мерки? Белким екологијата не е само бизнис?

Белким не е најбитно само кој ќе направи влада!