Интер ги шокираше навивачите со изгледот на новиот дрес

од Vladimir Zorba

Фановите на италијанскиот гигант и актуелен шампион на Серија „А“ – Интер од Милано не се многу задоволни од изборот на третиот сет дресови.

Фотографии од третиот дрес на Интер протекоа на страницата „Footy Headlines“ кога станува збор за дресови, а навивачите не се многу задоволни.

Единствената утеха е што овој сет нема да се користи, можеби во само неколку натпревари, и тоа е под знак прашалник.

Дизајнот на многумина им изгледа несериозно, иако самиот изглед на дресот е уникатен во Европа.

Според коментарите на навивачите на „нероазурте“, овој дрес сигурно нема да биде толку популарен во фан-шоповите на тимот, а малкумина од навивачите ќе имаат посебна желба да го однесат на натпреварите на нивната сакана екипа.

Слични содржини