Инвестираат 500 милиони годишно, а немаат ниту еден хит

од Nikola Popovski

Компанијата Амазон важи за еден од гигантите во гејмерската индустрија, но не по квалитетните наслови што ги објавува, туку заради своите инвестиции во развојот.

Според најновиот извештај, Амазон троши огромни суми пари на својот оддел за видео-игри, дури половина милијарда долари годишно, не сметајќи го Twitch и развојот на претстојниот стриминг сервис Amazon Luna.

Се разбира, сите компании трошат многу пари, а некои дури и повеќе од овие 500 милиони долари. Најинтересно во целата приказна е што досега ниту една видео игра што беше хит не излезе од Амазон, а и тоа малку што излезе било катастрофално, пренесува play.co.rs.

Многу видео игри се откажани, а играта со пукање „Crucible“, која беше пуштена минатата пролет, беше затворена по само неколку месеци – затоа што немаше доволно играчи и затоа што самите развивачи не сакаа да работат на ажурирања.

Се разбира, Амазон не се откажува од игрите, но сепак работи на голем број проекти, од кои многу се тајни и на кои работат некои од ветераните во индустријата.

Слични содржини