Иран: Почина девојката која беше претепана од полицијата затоа што не носела хиџаб

од Stefanija Kuzmanovska

Девојката Махса Амини од Иран, која беше претепана од полицијата за морал бидејќи не носела хиџаб, почина во петокот откако падна во кома, соопшти нејзиното семејство.

Амини (22) минатата недела беше уапсена од иранската полиција за морал бидејќи наводно не се придржувала до строгите правила за покривање на главата. Според очевидци, Амини била претепана во полициското комбе.

Полицијата тврди дека Амини одеднаш имала проблем со срцето.

Изминатиот период зачестија информациите за репресии врз жените, пред сè врз тие за кои е оценето дека не се придржуваат до исламскиот кодекс на облекување, на кои им е забранет влез во владини институции и банки. На социјалните мрежи се појавија видео-снимки на кои се гледа како полицајците при приведувањето ги влечат жените по земја.

Многу Иранци директно го обвинуваат врховниот лидер Али Хамнеи за таквата ситуација. Неговиот говор од минатото повторно се споделува на социјалните мрежи во кој, тој ја оправдува улогата на моралната полиција и инсистира дека под исламско владеење, жените мора да бидат принудени да го почитуваат исламскиот кодекс на облекување.

Слични содржини