Исак Њутн го пронајде датумот за крај на светот во Библијата (ВИДЕО)

од desk2
138 прегледи

Исак Њутн беше легендарен научник, најпознат според утврдување на законот за гравитација. Во слободно време се занимавал со експерименти, а во својата нова книга “Isaac Newton: The Asshole Who Reinvented The Universe” авторот Флоријат Фрајстетер го прикажува научникот како безобѕирен гениј, кој и бил посветен и на алхемијата.

– Алхемијата за Њутн не беше само хоби, пишува Фрајстетер во текст за „Њујорк пост“, нагласувајќи дека тоа бил негов начин за разбирање на вселената. 

– Беше уверен дека вистинскиот бог е присутен секаде, не само во спиритуална форма, туку и во супстанцата. Поради тоа веруваше дека постои некаков вид на божја честичка, некој темелен дел од материјата, кој би овозможил трансформација од сешто во се. Истражувањето на алхемијата за него беше исто толку важно колку и науката, пишува Фрајстетер.

Њутн го користел и псевдонимот Jehovah Sanctus Unus, а се обидел и да предвиди кога би можел да биде крајот на светот. Всушност, своето истражување го темели врз опсежни студии на библиски текстови, од кои заклучил дека светот ќе се „ресетира“ во 2060 година, кога „Кралството небесно“ ќе преовлада на Земјата.

– Њутн многу време поминал проучувајќи религиозни текстови и се обидувал да направи хронологија на настаните од минатото, со цел да ги сложи сите тие приказни, објасни Фрајстетер, истакнувајќи дека за научникот 2060 година била нов почеток, можеби проследена со војна и катастрофи, но како ултимативен почеток на нова „божанска ера“.