Исчезнати мајка со малолетни деца, внук и ќерка

од desk2

Полицијата трага по мајка со две малолетни деца, по 14-годишен внук и 27-годишна ќерка, кои во изминатово деноноќие биле пријавени како исчезнати.


Вчера во полициската станица-Чаир, Г.Б. (38) пријавил дека на 3 јули околу 10.30 часот од домот во непознат правец се оддалечила неговата сопруга С.Р.(27) заедно со нивните две малолетни деца на возраст од една и три години.

На 4 јули во СВР-Битола, М.И. (56) пријавил дека претходниот ден,3 јули, околу 20.30 часот неговата ќерка С.И. (27) излегла од домот и рекла дека ќе оди во продавница, но до моментот на пријавување истата не се вратила.
Истиот ден во СВР-Велес, А.Ќ. (50) како старател на нејзиниот 14- годишен внук пријавила дека на 1 јули околу 21.30 часот и се јавил на телефон и и рекол дека за кратко време ќе дошол дома, но се до моментот на пријавување истиот не се вратил.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на исчезнатите лица.

Слични содржини