Исламистички екстремистички групи лоцирани во четири града БиХ

од Milan1

Во Босна и Херцеговина се присутни неколку радикални верски заедници, за што сведочи Конечниот извештај за иплементација на Акциониот план за спроведување на Стратегијата на БиХ за спречување и борба против тероризмот, документ на Министерството за безбедност во Советот на министри.

Како што буквално се наведува во тој извештај, екстремни верски заедници се наоѓаат во Бужим, Велика Кладуша, Чазин и Бихаќ, пишува Независне новине. Документот укажува на фактот дека Хусеин Билал Босниќ и Хусеин Ердиќ се од тој крај.
„Поради блиските врски со екстремистичките верски групи и заедници во Австрија, се верува дека Краина е влезна точка за средствата што се користат за поддршка на создавање изолирани екстремни села во БиХ, Горња Маоча, Дубница и Босанска Бојна“, се вели во извештајот.

Во извештајот се наведува дека Федералната полициска управа во соработка со кантоналните МУП континуирано работи на идентификација на објекти кои се користат за верски активности кои не се во рамките на таканаречените верски заедници параџамати.

Слични содржини