Исмаил: Заев ја спаси СДСМ од пропаѓање

од Nikola Popovski

Еден од основачите на СДСМ Ѓунер Исмаил смета дека премиерите и претседателите по дефиниција се осамени личности, но дека тоа не е случај со премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

„Ретко кој од тие, што ќе му се доближат или ќе имаат контакт му зборуваат тврдо и остро“, вели Исмаил во дебатниот магазин „Клик плус“.

Тој истакна дека кога се појавил сегашниот претседател во СДСМ, партијата била во полуугасната состојба и била столчена по сите основи.

„Кога се појави еден Зоран Заев ние ја имавме СДСМ во тешка состојба, столчена по сите основи. Знаете наспроти себе го имаше Груевски со сите негови средства со кои располагаше. Единствената цел беше како да ја одржат партијата во опстанок. Се создадоа нови идеи и нови перспективи за тоа како таа партија да се воздигне“, вели Исмаил.

Слични содржини