Пратеничката на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Нола Исмајлоска-Старова во емисијата 360 степени на Алсат рече дека во 2014 година од раководството на ВМРО-ДПМНЕ и се јавиле да ја прашаат дали ако стане пратеник е спремна да гласа за промена на името.
„Добар дел од пратениците кои застанаа до ѕидот беа пратеници и во 2014 година. Прашањето кое ни беше поставено во 2014 година, беше дали сум спремна да гласам за промена на името, а јас прифатив да гласам за промена на името. Ми се јавија од раководството на партијата, разговарав со најмалку 10 пратеници и би било доблесно да признаат дека ги прашале“, рече Исмајлоска-Старова и додава дека не го кажала ова зошто немала шанса.
Таа истакна дека е доблесно да кажат кои се тие кои прифатиле да бидат пратеници и да го сменат името.
Рангелова вели дека неа не ја прашале истото, но смета дека не ја прашале бидејќи тогаш била дел од раководството на партијата.
„Ми се јави Груевски ме праша дали сакам да бидам пратеник, не ме праша дали сум подготвена да гласам за промена на името. Најверојатно сметале дека бидејќи сум дел од раководството, сум подготвена да гласам за се, мене не ми направија проверка“, рече Рангелова.