Исмеан мурал на Елизабета Втора, тврдат дека наликува на легендарен фудбалски тренер

од Nikola Popovski

Мурал насликан во чест на Елизабета Втора го подели мислењето на интернет, а некои се жалат на очигледната недостиг на сличност со покојната кралица. Исто така, на социјалните мрежи многумина тврдеа дека тој повеќе личи на легендарниот фудбалски тренер Алекс Фергусон.

Од смртта на кралицата на 96-годишна возраст минатата недела, луѓето ширум Велика Британија и ширум светот оддадоа почит на различни начини.

Во Западен Лондон, уметникот Јигнеш Пател и неговиот братучед Јаш Пател насликаа голем мурал на кралицата. Двајцата поминаа два дена завршувајќи го уметничкото дело, кое беше насликано на двокатна куќа во Кингсли Роуд.

„Ние ја сакаме кралицата и кога таа умре мислевме дека треба да ѝ оддадеме почит“, изјави Јигнеш за Би-Би-Си. Тој моментално поседува пет светски рекорди, од кои последниот беше постигнат во 2021 година за најдолго сликање во фолија со меурчиња.

Сепак, муралот беше брутално критикуван на социјалните мрежи и неколку луѓе истакнаа дека повеќе личи на легендарниот Алекс Фергусон. Еден корисник се потсмеваше на муралот, сугерирајќи дека првично станува збор за негов портрет што отишол во поинаква креативна насока во последен момент.

„Матеј… дали сè уште го сликаш муралот на Сер Алекс Фергусон, „Да… на половина пат сум. Зошто?’ Дојде до промена на планот. Види што можеш да направиш“, се вели во твитот.

Друг ја имаше истата идеја, коментирајќи: „Голема почит до Алекс Фергусон“.

Фото: Ray Tang/LNP / Shutterstock Editorial / Profimedia

Слични содржини