Исплатени субвенциите за лозарите

од Stefanija Kuzmanovska

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска извршила исплата на директните плаќања за оддржување на лозови насади. Со исплатата се опфатени 14 830 лозаропроизводители за кои се одвоени 597 милиони денари.

„Со оваа исплата почнуваме со континуирана исплата на директните плаќања за поднесените барања за растително и животинско производство“, информира Агенцијата.

Платежната агенција најавува дека во следниот период ќе ги интензивира активностите во однос на исплатата на субвенциите за 2022 и 2023 година.

Слични содржини