Исплива СНИМКА од полициската потера по малолетникот кој беше застрелан во Грција

од Stefanija Kuzmanovska

На социјалните мрежи се појави видео од полициска потера по 16-годишниот Ром во Солун, за време на која беше пукано во момчето.

На видеото од надзорната камера на продавницата може да се види како пикапот, во кој бил тинејџерот, врти во улица, додека полицајците на два мотоцикли го бркаат, пренесува „Прототема“.

На околу 500 метри, неколку секунди подоцна, полицаец пукал во 16-годишникот.

Во понеделникот беше објавено уште едно видео, од бензинска пумпа во Солун, каде тинејџерот застанал да наполни гориво. На видеото се гледа како малолетникот ја напушта пумпата без да ја плати сметката.

Работници од пумпата ја известиле полицијата дека младиот човек не ја платил сметката од 20 евра, по што започнала потера.

Полицаецот кој наводно пукал во тинејџерот е суспендиран од работа, а тој и неговите колеги кои учествувале во потера се повикани да дадат исказ.

Според првите информации, полициските службеници рекле дека тинејџерот во возилото се обидел да ги удри нивните мотори, ги прекршил сообраќајните правила и извршил опасни маневри, доведувајќи ги во опасност нивните животи.

Тие рекоа дека возачот ги игнорирал нивните предупредувања, по што полицаецот испукал два куршуми за да го запре возилото. Возачот потоа изгубил контрола и удрил во ѕидот.

Малолетниот Ром, кој е татко, се уште е на интензивна нега во болница и е во тешка состојба.

Тој имаше операција на главата во понеделникот.

Слични содржини