Нилуфер Демир (29) е Турчинката која се нашла на брегот на Бодрум кога морето го исфрлило несреќното момче од Сирија, Ајлан Курди (3). Демир ја направи можеби една од најпотресните фотографии направени досега, која ја обедини светската јавност во страдањето за трагичната судбина на бегалците од Блискиот исток.
„Брановите го воденеа неговото мало, недолжно лице. Беше во тенка маица и шорц, без појас за спасување. Се скаменив. Малечкиот живот засекогаш е загубен“, изјавила Нилуфер Демир за турското издание на CNN.

01-bodrum-udaveno-detence-016666

Турчинката потоа смогнала сили, го зела фотоапаратот и почнала да фотографира.

„Морав. Морав да ја фотографирам таа тажна сцена за целиот свет да го види страдањето на тие луѓе. Единствено на тој начин можев да го претставам тивкиот вресок на малиот Ајлан. Тој вресок сега одекнува во светот“, рекла Демир.

дете вода

Таа навела дека телото на мајката од Ајлан, Рехан, спасителите го пронашле 200 километри подалеку од местото каде што морето го исфрлило телото на момчето.

Покрај Ајлан и неговата мајка, загинал и братот на момчето, Галип (5). Таткото Абдула останал сам.03-tatko-deteudaveno-412

„Не сакам ништо повеќе од овој свет. Сакам да ги погребам моите деца и да седам покрај нив додека не умрам“, рекол Абдула Курди во вчерашната изјава.

Нилуфер Демир признала дека не очекувала нејзината фотографија да предизвика толкаво внимание во јавноста.C7FE05178CCCEA4B8029AF1B6ECF48BE

„Недолжни луѓе гинат секојдневно, а никој не обрнува внимание. Ја фотографирам трагедијата на бегалците веќе со месеци. Кога го видов телото на Ајлан, се скршив. Веројатно и остатокот од светот се почувствувал исто кога ја видел мојата фотографија“, вели Демир.

Само оваа година, повеќе од 2.500 бегалци од Сирија и Ирак се удавија во водите на Медитеранот, обидувајќи се да стигнат во Европа. Меѓу нив има голем број на деца… Како Ајлан и Галип.

Слични содржини