Во вакцината против корона ќе се користи природно масло сквален, заради кое се загрозени пола милион ајкули

од Aleksandar Petrovski
835 прегледи

Половина милион ајкули може да бидат убиени поради природното масло што го произведуваат, а кое би се користело за вакцини против коронавирусот.

Една од супстанциите што ја користат некои кандидати за потенцијална вакцина против ковид-19 е сквален, природно масло произведено во црниот дроб на ајкулата, пренесува Sky news.

Скваленот во моментов се користи во медицината и е состојка што ја зголемува ефикасноста на вакцината со создавање на посилен имунолошки одговор.

Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline во моментов го користи ова масло за да направи вакцина против грип.

Компанијата наведува дека ќе направи милијарда дози од оваа супстанца со цел да ја има за потенцијална употреба во вакцината против вирусот корона во мај.

Потребни се околу 3.000 ајкули за да земат еден тон сквален.

Групата за зачувување на ајкули во Калифорнија наведува дека доколку светската популација добие доза на вакцина која содржи масло од црн дроб, може да бидат убиени 250.000 ајкули, во зависност од употребената количина на сквален.

Ако беа потребни две дози за светската популација да добие имунизација, што е многу веројатно, бројот на ајкули ќе се зголеми на половина милион.

За да се избегне ова, научниците тестираат алтернатива на скваленот, синтетичка верзија направена од ферментирана шеќерна трска.

Слични содржини