Истекол мазут во Вардар, фирма е казнета со 20.000 евра

од Nikola Popovski

Откако граѓанин пријавил за загадување во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги истражи можните извори и утврди дека станува збор за излевање на мазут, кое потекнува од оранжериите Вардар АД од Градско.

Според информациите на ДИЖС, мазутот не се користел и истекувањето се случило од небрежност и неодржување на складиштето со преостанатите резерви.

„За правното лице е изречена казна од 20.000 евра во денарска противвредност за загадување на површински води, согласно Законот за води. Наредено е и чистење на остатоците од излевањето во кругот на оранжериите, како и склучување договор со компанија лиценцирана за транспорт и отстранување на опасен отпад“, соопштија од Инспекторатот.

Наредниот ден е извршен и дополнителен контролен надзор при кој е утврдено дека правното лице има постапено по наредбата.

Слични содржини