ОЈО Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, од кои две биле медицински и организациски директор во периодот од 2017 до 2022 година на Клиниката за онкологија и тројца доктори-онколози.
Поднесени се мерки за претпазливост за тогашниот медицински директор Нино Васев и организацискиот директор Нехат Нухи. Мерките предвидуваат забрана за напуштање на живеалишта и одземање на патна исправа, како и издавање на нова.
За тогашниот медицински директор, дополнителна е побарана и мерка за отстранување од работното место.
Станува збор за кривично дело измама во службата и ова дело е за двајцата директори, а за тројцата онколози е за помагање во извршување на предметното кривично дело.
За тогашниот медицински директор има и седум кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување.