Истражување тврди: Новите електрични возила се помалку сигурни од бензинските и дизелските

од Vladimir Zorba

Новите електрични автомобили се помалку доверливи и имаат поголема веројатност да развијат дефект од моделите на бензин и дизел, покажува ново британско истражување.

Анкета на британската група на потрошувачи „Which?“ покажа дека 31 процент од сопствениците на електрични автомобили пријавиле проблем со своето возило во првите четири години.

Тоа е споредено со 19 проценти за автомобили на бензин и 29 проценти за автомобили на дизел.

Неисправните електрични возила (ЕВ) поминуваат во просек по пет дена надвор од патот во споредба со само три и четири дена за автомобилите на бензин и дизел.

Истражувањата фрлаат сомнеж врз перцепцијата дека електричните возила се посигурни од автомобилите кои користат традиционално гориво поради помалку подвижни делови.

Електричните возила се генерално поскапи од класичните модели поради високата цена на нивните батерии.

Најчестите дефекти пријавени од возачите на електричните модели беа проблеми со софтверот, а не проблеми со моторот или батериите.

Податоците од Британското здружение на производители и дилери на возила покажуваат дека секое шесто новорегистрирано возило во Британија минатата година било plug-in возило.

„Знаеме дека возачите сакаат да се преселат во поеколошки автомобили, но од витално значење е да се добие квалитетен производ“, вели уредникот на домашни производи и услуги во „Which?“ Лиза Барбер.

Таа рече дека има „значајна можност за производителите да ги подобрат производите и да им обезбедат на возачите сигурен и поодржлив автомобил“.

„Особено со електричните возила, нашето истражување покажува дека премиум цената не мора да значи сигурно возило, така што секогаш би ги охрабрувале возачите да истражуваат пред да направат толку значајно купување за да видат на кои автомобили и брендови можат да им веруваат“, истакна таа.

Утврдено е дека најсигурните автомобили, без разлика на видот на горивото, се комплетните хибриди, кои имаат батерија која може да се полни само од мотор со внатрешно согорување.

Повеќе од 48.000 луѓе учествуваа во истражувачката група за потрошувачи „Which?“ и обезбеди податоци за речиси 57.000 свои возила, вклучувајќи 2.184 електрични возила.

Слични содржини